Алтинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алтинг (исландски: Alþingi - „општо собрание“) ― парламент во Исланд. Се смета за најстар парламент во светот кој опстоил до денес,[1][2] иако за време на своето постоење „Алтинг“ од народно собрание прераснал во современ парламент, а неговата работа била прекината половина век.
Кратки факти Исландски парламент Alþingi Íslendinga, Тип ...
Исландски парламент Alþingi Íslendinga | |
---|---|
Тип | |
Тип | |
Историја | |
Основан | 930; пред 1093 години (930) |
Состав | |
Места | 63 |
Избори | |
Изборен систем | Отворени листи Пропорционална застапеност |
Последни избори | 25 септември 2021 |
Следни избори | Септември 2025 |
Зборно место | |
Рејкјавик | |
Мрежно место | |
althingi.is |
Затвори
Еднодомниот парламент има 63 пратеници кои се бираат на секои 4 години врз основа на пропорционална застапеност на партиска листа.[3]
Уставот на Исланд предвидува шест изборни единици со можност за зголемување на седум. Границите на изборните единици и бројот на мандати од секоја изборна единица се утврдени со закон, но ниту една изборна единица не може да биде претставена со помалку од шест пратенички места.