Армањак (пијалак)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Армањак (француски: armagnac) — алкохолен пијалак кој се произведува само во југозападниот дел на Франција, во регионот Армањак (департман Жер, Гаскоња). Се споредува со бренди и коњак. Се смета за престижен, аристократски пијалак кој симболизира луксуз и истенчен вкус,[1] и е особено погоден за жените. Заедно со коњакот, армањакот е најпознатиот француски алкохолен пијалак.[2] Французите го нарекуваат и Aygue ardente (вода на животот).
Армањак од 1956 година | |
Земја на потекло | Франција |
---|---|
Алкохол по волумен | 40–50% |
Состојки | грозје |
Варијанти |
Се смета дека е прв дестилиран локален пијалак во Франција. Армањакот е еден од омилените пијалаци на Французите, па затоа постои шега дека тие го задржале тој пијалак за себе, а му го дале коњакот на светот, што не е далеку од вистината. Извозот на коњак е многу поголем од извозот на армањак.[3]
Иако е ценет речиси исто како и коњакот, армањакот е пијалак со различен стил. За разлика од коњакот, армањакот се дестилира еднаш, што остава повеќе ароматични материи. За стареење на дестилатот се користат локални темни дабови садови кои го збогатуваат дестилатот и го забрзуваат стареењето. Иако пијалакот е со извонредна исполнетост, армањакот ретко ја достигнува финоста на коњакот.[4]