Африканската кралица
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Африканската кралица“ (англиски: The African Queen) — британско-американски филм од 1951 година, во режија на Џон Хјустон (John Huston). Автор на сценариото е Џејмс Аги (James Agee) врз основа на истоимениот роман на Форестер. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Кетрин Хепберн (Katharine Hepburn), Роберт Морли (Robert Morley), Питер Бул (Peter Bull), Теодор Бајкел (Theodore Bikel) и Волтер Готел (Walter Gotell). Филмот е едно од најпознатите остварувања на американската кинематографија и денес се смета за ремек-дело. Тој претставува комбинација на авантуристички филм и романтична комедија, а се одликува со специфичниот хјустоновски хумор, со суптилно психолошко нијансирање на ликовите и со ироничен третман на нивните односи. Исто така, тој се смета за класичен „глумечки филм“ во кој се истакнуваат Хепберн и Богарт при што за Богарт ја освоил наградата „Оскар“ (за најдобра машка главна улога), а и Хепберн била номинирана за оваа награда.[1]