Ахмед III
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ахмед III (османски турски: احمد ثالث; турски: III. Ahmed; роден на 30 декември 1673 година[1] - починал на 20 септември 1736 година во Цариград) — 23. Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1703 до 1730 година. Ахмед бил син на Мехмед IV (1648-1687) и Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло[2][3][4][5][6][7]. Ахмед III е роден во Добруџа. Тој го наследил на престолот во 1703 на абдикација на неговиот брат Мустафа II (1695-1703). Ја предводил успешната Прутска војна против Русија во 1711 и неуспешната војна со Австрија и Венеција (1715-1718). Мирот со Петар I ги охрабрил Турците на непријателства против Венеција и Австрија, но војната била изгубена и биле изгубени голем број на територии во Источна Европа, но и во Северна Африка (Алжир, Тунис). Териториите на Отоманското Царство продолжиле да се намалуваат. Управителите умувале дека спасението е во враќање на старите добри обичаи и военото зајакнување: “ бидејќи нашата држава добиена со нож и меч само со нож и меч може да биде одржана.“
Ахмед III احمد ثالث | |||||
---|---|---|---|---|---|
Султан на Отоманското Царство Кајсери-Рум Чувар на Двете Свети Џамии Отомански калиф | |||||
23-ти Отомански султан (Падишах) | |||||
На престол | 22 август 1703 – 1 октомври 1730 | ||||
Претходник | Мустафа II | ||||
Наследник | Махмуд I | ||||
Роден(а) | 30 декември 1673 Добрич, Отоманско Царство | ||||
Починал(а) | 1 јули 1736(1736-07-01) (возр. 62) Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство | ||||
Почивалиште | Турбе на Турхан султан, Истанбул | ||||
Придружнички | Амина Михришах султан Рабија султан меѓу другите | ||||
Деца | погледни подолу | ||||
| |||||
Династија | Османлиска династија | ||||
Татко | Мехмед IV | ||||
Мајка | Еметулах Рабија Ѓулнуш султан | ||||
Вероисповед | ислам | ||||
Турга |
Првите денови од владеењето на Ахмед III поминале со напори да се смират јаничарите. Тој не бил ефикасен против јаничарите кои го направиле султан. Чорлулу Али-паша, кого Ахмед го поставил на функцијата Големи везир, се обидел да му помогне во административните работи, направил нови аранжмани за ризницата и султанот. Тој го поддржал Ахмед во борбата со неговите соперници.