Батик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Батик е древна традиција на рачно обоени памучни и свилени ткаенини со помош на восок. Оваа техника потекнува од островот Јава во Индонезија.[1] Процедурите за украсување на ткаенини се развиле заедно со развојот на техниките за боење, а батикот е најпознат од нив и претставува еден од најстарите методи за печатење и боење ткаенини. Техниката се состои во тоа што одредени области на ткаенината се прекриваат со восок за да се заштити од продирање на бојата, при што основната боја на ткаенината останува во покриените области, додека незаштитените делови се бојадисуваат.
Ткаенините изработени со батик техника и денес ги пробиваат сите сегменти на индонезискиот живот - од корицата за лулката на новороденчето до погребниот превез кој се користи за обвиткување на покојникот. Во 2009 г Индонезискиот батик бил вклучен во листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото,[2] но истата година, програмата за обука на млади луѓе и зачувување на техниката батик во Индонезија исто така била вклучена во таа листа.[3]