Белизе
земја во Средна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Белизе (англиски: Belize) — независна уставна монархија во Средна Америка, која се наоѓа на копнениот дел од овој континент. На север Белиз граничи со Мексико, на југ и запад со Гватемала, а на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на државата изнесува 22.960 км2 и има население од 333.220 жители, според проценките за 2010 година[4]. Иако шпанскиот и белискиот креолски јазик се зборуваат во државата, сепак англискиот е единствениот службен јазик во Белизе, што ја прави единствена држава во копнена Средна Америка каде англискиот е службен јазик. Должината на територијата на Белиз изнесува 290 километри, додека ширината изнесува 110 километри. Главен град на Белизе е Белмопан.
Белизе |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Sub Umbra Floreo (Латински) „Под сенката јас цветам“ |
||||||
Химна: „Land of the Free“ Кралска химна: „Боже, чувај го Кралот“ |
||||||
Главен град | Белмопан 17°15′N 88°46′W | |||||
Најголем град | Белиз | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Признаени регионални јазици | 8 јазици
|
|||||
Народности (2010) |
|
|||||
Демоним | Белизијци | |||||
Уредување | Парламентарна демократија и Уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Генерален гувернер | Фројола Цалам | ||||
• | Премиер | Дин Бероу | ||||
Законодавство | Народно собрание | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Дом на претставници | ||||
Независност | од Велика Британија | |||||
• | Датум | 21 септември 1981 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 22.966 км2 (150) | ||||
• | Вода (%) | 0,7 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2008[1] г. | 334.297 (јули 2013)[2] (174.) | ||||
• | Попис 2010 | 312.698 | ||||
• | Густина | 14.5 жит/км2 (212.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2012 г. | |||||
• | Вкупен | 2,999 млрд. $[1] | ||||
• | По жител | $8.753[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2012 г. | |||||
• | Вкупно | 1,554 млрд. $[1] | ||||
• | По жител | 4.535 $[1] | ||||
ИЧР (2011) | 0.702[3] висок · 96. |
|||||
Валута | белиски долар (BZD ) |
|||||
Часовен појас | CST (UTC-6) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .bz | |||||
Повик. бр. | 501 |
Белизе е држава со најмала густина на население во Средна Америка.[5] Прирастот на населението на Белизе е 2.21% според проценките за 2008[2] и истиот е најголем во регионот и западната полутопка. Белизе има значајна улога во Мезоамериканскиот биолошки коридор, бидејќи земјата има богат копнен и воден животински и растителен свет.[6]
Белизе е културолошки уникатна земја во Средна Америка бидејќи таа е единствената нација со британско културно наследство. Поради историски и општествени причини, Белизе споделува големи сличности, како со средноамериканските копнени, така и со средноамериканските островски нации. Во тој сегмент, Белизе се смета за држава со силни врски и со карипските нации и со латиноамериканските држави. Државата е член на Карипската Заедница и Средноамериканскиот Интеграциски Систем.