Биргу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Биргу (малтешки: Il-Birgu, италијански: Vittoriosa), исто познат по својата титула Città Vittoriosa, е стар заштитен град на јужната страна од големото пристаниште во јужноисточниот регион на Малта. Дел од градот е тврдината Сан Анџело која се наоѓа во центарот на големото пристаниште. Идеалната местоположба го прави Биргу сигурно засолниште, a со текот на времето градот развил долга историја на морски, трговски и воени активности.
Биргу Il-Birgu Città Vittoriosa | |||
---|---|---|---|
Град и општина | |||
Координати: 35°53′17″N 14°31′21″E | |||
Држава | Малта | ||
Регион | Јужноисточен регион | ||
Округ | Јужно пристаниште | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Џон Боџал | ||
Површина | |||
• Вкупна | 0,5 км2 (2 ми2) | ||
Население (март 2014 г.) | |||
• Вкупно | 2.629 | ||
• Густина | 530/км2 (1,400/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски факс | BRG | ||
Повикувачки број | 356 | ||
ISO 3166 | MT-03 | ||
Светец-заштитник | Св. Лаврентил Св. Доминик | ||
Ден на феста | 10 август | ||
Мреж. место | Матична страница |
Биргу е многу старо место кое датира од средновековниот период. Пред утврдувањето на Валета како престолнина и главен град на Малта, воените сили кои посакувале да владеат со малтешкиот остров морале да воспостават контрола над Биргу поради неговата значајна позиција во големото пристаниште. Всушност, тој служел како база на Редот на Свети Јован и де факто како престолнина на Малта од 1530 до 1571 година. Биргу е добро познат по неговата клучна улога во големата опсада на Малта од 1565 година.
Во раните години на 20. век, Биргу имал население од преку 6000 жители. Со текот на годините оваа бројка се намалила, и во март 2014 година биле регистрирани 2,629 жители.