Битка кај Аустерлиц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Аустерлиц (20 ноември (2 декември), 1805 )) е решавачката битка на Наполеоновата војска против армиите од Третата коалиција, и една од најважните битки во Наполеоновите војни. Оваа битка се смета за најголема победа на Наполеон, и е позната и како Битка на три цара затоа што Француската армија ги поразила војските предводени од рускиот цар Александар I и царот на Светото Римско Царство Франц II. Битката се одиграла во близина на градот Аустерлиц во Австриската империја (денешен Славков кај Брно во Чешка). По битката кај Аустерлиц и со Пожунскиот мировен договор, потпишан од Австријците, завршила војната на третата коалиција.[1] Битката се смета за тактичко ремек дело, на исто ниво како и битките кај Кана или Гавгамела.[2][3]