Битка кај Фокшани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка кај Фокшани (унгарски: Foksányi csata) ― битка која била одржана за време на Руско-османлиската војна (1787–1792) на 1 август 1789 година (стар стил на 21 јули) помеѓу Отоманската Империја против сојузот на Руската Империја и Хабсбуршката Монархија во близина на Фочани, Кнежевство Молдавија (сега во Романија). Русите ги предводел Александр Суворов, Австријците принцот Јосијас Кобуршки, а Османлиите Осман-паша.
Кратки факти Битка кај Фокшани, Датум ...
Битка кај Фокшани | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Руско-османлиската војна (1787-1792) и Австриско-османлиската војна (1787-1791) | |||||||
Биткаta кај Фокшани Јохан Хиеронимус Лешенкол |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Руско Царство Хабсбуршка Монархија | Османлиска Империја | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Александр Суворов Јосијас Сакскобургзафелдски | Осман-паша | ||||||
Сила | |||||||
25,000 | ок. 30,000[3] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
400[3] до 800[5] загинати и ранети | 1,500–1,600 загинати[5][3] и 2,500 ранети[5] |
Затвори
Австриската војска броела 18.000 австриски и унгарски војници. Рускиот контингент бил составен од 7.000 војници. Османлиите собрале околу. 30.000 војници.
Сојузниците упаднале во логорот на Османлиите и ги истерале Турците од Молдавија.