Бранач (ракомет)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бранач – во ракометот е играч специјализиран за одбрана. Додека повеќето играчи се развиваат како напаѓачи и браначи, некои играчи се специјализираат за одбранбени задачи, а немаат никакви или многу минорни офанзивни задачи.
Долго време потценет, браначот се појавил доста подоцна во натпреварувачките екипи. Работник во сенка, браначот е суштински забец во запченикот на екипата и неговата улога не е само да прави прекршоци врз противничките напаѓачи, туку како што објаснува Дидје Динар, најдобриот бранач на сите времиња: „Најголемо задоволство на браначот не е физички да го скрши противникот, туку во неговите очи да прочита откажување, да прочита дека ментално ја изгубил играта затоа што сите патишта се блокирани“.[1]