Бритни Спирс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бритни Џин Спирс (англиски: Britney Jean Spears; Маком, Мисисипи, 2 декември 1981) — позната американска поп-изведувачка. Родена е во Мккомб, Мисури, а порасната во Кентвуд, Луизијана каде што започнала да настапува како дете, да добива улоги во некои филмови и телевизиски емисии. Потпишала договор со издавачката куќа Џајв во 1997 и во 1999 го издава нејзиниот деби-албум ...Baby One More Time, кој ќе се продаде во над 27 милиони копии и станува најпродаваниот албум од тинејџерски соло артист.[1] За време на нејзината прва деценија во музичката индустрија, станува позната гигура во популарната музика и популарната култура, а следувал и публицитет во нејзиниот приватен живот. Нејзините први два албума ја направиле поп икона и таа срушила голем број рекорди, додека песните „...Baby One More Time“ и „Oops!... I Did It Again“ станале интернационални број-еден хитови. Спирс е кредитирана за влијанието што го оставила за преродба на музичкиот жанр тин-поп за време на доцните 1990-ти и станала „најпродаваниот артист на сите времиња, пред да наполни 20 години,[2] добивајќи почесни имиња како „Принцеза на поп-музиката“.[3]
Бритни Спирс Britney Spears | |
---|---|
Спирс настапува за време на нејзината турнеја Femme Fatale Tour во 2011 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Бритни Џин Спирс Britney Jean Spears |
Познат(а) и како | Бритни |
Роден(а) | 2 декември 1981
Мисисипи, САД |
Потекло | Кентвуд, Луизијана, САД |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејачка, текстописец, танчер, глумец, снимачки продуцент, автор, моден творец, видео режисер, забавувач |
Инструменти | Вокали, пијано |
Период на активност | 1989 -2016 |
Соработници | The Mickey Mouse Club, Мадона, вил.ај.ем, Dr. Luke, Ники Минаж,Иги Азејлија |
Мреж. место | britneyspears.com britney.com |
Во 2001, го издала нејзиниот трет студиски албум Britney и го продолжила својот бренд, играјќи улога во Раскрсница. Таа презела креативна контрола на нејзиниот четврт студиски албум, In the Zone (2003), кој ги дал успешните синглови „Me Against the Music“, „Toxic“ и „Everytime“. По издавањето на два компилациони албуми, Спирс искусила лични борби и нејзината кариера била прекината. Нејзиниот петти студиски албум, Blackout, бил издаден во 2007 и покрај тоа што имал мала промоција, од него се појавиле успешни синглови како „Gimme More“ и „Piece of Me“. Во 2008, нејзиното непредвидливо однесување и хоспитализацијата ја натерале да биде ставена во конзерваторшип. Истата година, нејзиниот шести студиски албум Circus бил издаден, со глобалниот водечки сингл „Womanizer“ кој се искачил на врвот на табелите низ светот и хитови како „Circus“ и „If U Seek Amy“. Таа ја започнала глобалната турнеја со најголема заработка,[4] The Circus Starring Britney Spears, во 2009. Во октомври, истата година го издала синглот „3“ кој се искачил на врвот на повеќе табели и станал нејзиниот трет сингл кој го достигнал првото место на Билборд Хот 100. Нејзиниот седми студиски албум Femme Fatale, издаден во 2011, станал прв од нејзините албуми да има три топ десет синглови во САД, „Hold It Against Me“, „Till the World Ends“ и „I Wanna Go“. Истата година, го добила својот петти број-еден сингл кога ремиксот на „S&M“ кој ги содржел нејзините вокали заедно со Ријана се искачил на првото место.
Работата на Спирс ѝ донела голем број награди и признанија, вклучувајќи Греми Награда, 6 МТВ Видео Музички Награди заедно со награда за животно дело, 9 Билборд Музички награди и ѕвезда на Hollywood Walk of Fame. Во 2009, Билборд ја рангирал како осмиот Артист на Деценијата,[5] и како најпродаваниот женски артист во првата деценија на 21-от век, како и петти артист целокупно.[6] Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) исто така ја признало Спирс како седмиот најпродаваниот женски артист во САД, со 34 милиони сертифицирани албуми.[7] Nielsen SoundScan ја рангирал Спирс како десеттиот најпродаван дигитален артист во државата, со повеќе од 28,6 милиони дигитални синглови од јануари 2012.[8] Има продадено повеќе од 100 милиони албуми низ целиот свет, правејќи ја една од најпродаваните музички артисти на сите времиња.[9] Роулинг Стоун го признал нејзиниот брз успех како еден од Топ 25 Пробивања на Тин Идоли на сите времиња,[10] додека VH1 ја рангирал на единаесеттото место на нивниот список „100 Најдобри Жени во Музиката“ во 2012,[11] и Билборд ја рангирал како најсекси жена во музичката индустрија.[12] Форбс исто така открил дека Спирс била шестата најмоќна позната личност и третиот најплатен музичар од 2011–12, откако таа била на врвот на истиот список во 2002.[13]