Васил Левски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Васил Левски, роден како Васил Иванов Кунчев (бугарски: Васил Иванов Кунчев - Левски, стар правопис: Василъ Лѣвскій; Карлово, 18 јули 1837 — Софија, 18 февруари 1873) — бугарски револуционер, идеолог, стратег и теоретичар на бугарската национална револуција, водел борба за ослободување од турското ропство. Поради неговата голема важност за ослободувањето на Бугарија, Левски е национален хероj за Бугарите и често е нарекуван „Апостолот на слободата“. Опеан е во народни песни во Бугарија, и во мала мера во некои делови од Македонија.[1]
Кратки факти Васил Левски, Роден(а) ...
Васил Левски | |
---|---|
Роден(а) | Васил Иванов Кунчев 18 јули 1837(1837-07-18) Карлово, Османлиска империја (денес Бугарија) |
Починал(а) | 18 февруари 1873(1873-02-18) (возр. 35) Софија, Дунавски Вилает, Османлиска империја |
Причина за смрт | погубен со бесење |
Почивалиште | Софија, Бугарија |
Познат(а) по | Внатрешна револуционерна организација |
Потпис |
Затвори