Венсенска Шума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венсенската Шума (фр. Bois de Vincennes) е парк во англиски стил во источниот дел на Париз. Паркот го носи името по градот Венсен кој се наоѓа во близина.
Оваа шума е дел од XII округ во Париз.
Подрачјето зафаќа површина од 9,947 км2 (или 2,458 акри), што е речиси трипати пошироко од Централ Парк во Њујорк, и четири пати пошироко од Хајд Парк во Лондон.