Викај ме со твоето име
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викај ме со твоето име ( италијански: Chiamami col tuo nome) е романтичен драмски филм од 2017 година режиран од Лука Гвадањино. Сценариото е на Џејмс Ајвори, кој е исто копродуцент, и темели на истоименованиот роман од 2007 г. на Андре Асиман. Филмот е трет и последен дел во тематската трилогија „Копнеж“ (анг. "Desire“) на Гвадањино, по "Јас сум љубов" од 2009 г. и "Поголема сплетка" од 2015 г.
„Викај ме со своето име“ | |
---|---|
Режисер | Лука Гвадањино |
Главни улоги |
|
Премиера | јануари 22 2017 (2017-01-22) (Санденс) |
Времетраење | 132 минути |
Земја |
|
Јазик |
|
Буџет | $3.5 милиони |
Бруто заработка | $41.9 милиони |
Дејството во филмот се одвива во 1983 г. во северна Италија и претставува сензуална и трансцендентна приказна за прва љубов меѓу 17-годишниот Елио Перлман и 24-годишниот Оливер, помошник на таткото на Елио. Главните улоги ги толкуваат Тимоти Шаламе, Арми Хамер, Мајкл Стулбарг и Амира Казар.
Филмот е добитник на Оскар за најдобро адаптирано сценарио и е номиниран во три други категории.