Владеење на теророт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Владеењето на теророт, или само Теророт (француски: la Terreur) — бил период од Француската револуција од почетокот на јуни 1793 година до крајот на јули 1794 година, кога имало серија масакри и многу јавни погубувања од страна на Комитетот за јавен спас.
Дел од Француската револуција | |
девет емигранти се погубени со гилотина, 1793 | |
Датум | 1793–1794 |
---|---|
Место | Прва Француска Република |
Приредил | Комитет за јавен спас |
Поради ширењето на граѓанската војна од Вандеја и сè поголемите непријателски војски кои ја опкружувале Франција од сите страни, со декрет од 5 септември револуционерната влада одлучила да го воспостави „Теророт како секојдневица“ и да преземе остри мерки против оние за кои се сомнева дека се непријатели на револуцијата. Освен погубувањето на политичките непријатели, Теророт имал и своја економска страна олицетворена во Максимумот, мерка за контрола на цената на основните намирници и религиозна страна преку програмата за дехристијанизација што ја спроведувале следбениците на Жак Ебер. Со Законот од 22 праирал година II (10 јуни 1794 година) на осомничените им се одзело правото на јавно судење и правна помош и поротата можела да бира само помеѓу слобода или смрт. По донесувањето на овој закон следел перодот на „Големиот терор“ (француски: la Grande Terreur ), во кој биле погубени околу 1.400 лица, и придонел за падот на Робеспјер на 27 јули (9 Термидор).[1]
Денес меѓу историчарите има консензус дека револуционерните мерки продолжиле и по смртта на Робеспјер, а овој период се нарекува „Бел терор“.[2] За време на теророт официјално биле изречени 16.594 смртни казни низ цела Франција, 2.639 од нив биле во Париз;[3] а уште 10.000 луѓе умреле во затвор или без судење.[1]