Војна на розите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војната на розите (1455 — 1485[5]) — граѓанска војна која се водела за англискиот престол помеѓу Династија Јорк и Династија Ланкастер. Овие династии биле директни потомци на Династија Плантагенет, на чие чело стоел кралот Едвард III од Англија. Самиот назив на војната, односно војна на розите, во тоа време не бил користен. Името било создадено неколку години подоцна за да се претстават двете спротивставени страни. Династија Јорк била припадник на т.н. бела роза а династијата Ланкастер на црвената роза. Називот во употреба влегол во текот на 16 век, по создавањето на Шекспировата драма насловена под името ‘’Хенри VI’’, каде претставниците на двете страни избираат две различни по боја рози.
Војна на розите | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
MS Ghent - Battle of Barnet retouched.jpg Битка кај Барнет |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Династија Ланкастер Династија Тјудор | Династија Јорк |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хенри VI Хенри VII | Едвард IV
Ричард III † |