Гент-Вевелгем 2016
издание во 2016 година на велосипедската трка Гент-Вевелгем / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гент-Вевелгем 2016 (службено: Гент-Вевелгем — Во полињата на Фландрија[1]) — еднодневна велосипедска класична трка, која се одржала на 27 март 2016 година.[2] Претставувало 78. издание на трката Гент-Вевелгем и седма трка во сезоната на Светската турнеја. Трката поминала растојание од 243 километри, започнувајќи во Дејнзе и завршувајќи во Вевелгем во Белгија и еден мал дел од трката поминувал низ северниот дел на Франција. Трката имала десет искачувања, неколку од нив со калдрма, кои биле главна потешкотија на трката. Последното и најтешко искачување било Кемелберг. Фаворити на трката биле Александер Кристоф (Катјуша), Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо) и Петер Саган (Тинкоф).
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 78. Гент-Вевелгем | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 1.UWT | ||
Датум | 27 март 2016 | ||
Растојание | 242,8 км | ||
Држави | Белгија Франција | ||
Поаѓалиште | Дејнзе | ||
Одредиште | Вевелгем | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 196 | ||
Возачи на крај | 82 | ||
Просечна брзина | 41,006 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Петер Саган (Тинкоф) | ||
Второпласиран | Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо) | ||
Третопласиран | Вјачеслав Кузнецов (Катјуша) | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Саган, кој се издвоил со Канчелара и Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо) на Кемелберг по низа одвојувања кои се случиле во првата половина на трката. Ним им се приклучил Вјачеслав Кузнецов (Катјуша), кој бил во рано бегство и групата од четворица стигнала заедно на целта. Саган го освоил спринтот, додека Ванмарке завршил втор, а Кузнецов трет.
Во текот на францускиот дел на трката, белгискиот возач Антоан Демоатје (Ванти-Груп Гобер) паднал и подоцна бил удрен од мотор. Починал истата вечер.