Географија на Боливија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боливија се наоѓа во централниот регион на Јужна Америка. Со своите 1.098.580 км2, Боливија е 28 најголема држава во светот.[1] Територијата на државата се протега од централните предели на Андите на запад па сè до Амазонија и Гран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.
Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски одлики. Државата има голем степен на биолошка разновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на пример Алтиплано и Чикитанија. Алтиплано е составен од тропски прашуми и суводолици, а Чикитанија е составена од тропски савани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врв Невадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрај реката Парагвај и има 70 метри надморска височина.