Географија на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Географија на Македонија — поим со кој се опфаќаат релјефните, хидрографските и климатските одлики на државата. Македонија е држава во Југоисточна Европа со географски координати 41°50′N 22°00′E и со вкупна површина од 25.436 км2. Taa има граници од 896 км кои ги дели со Србија (102 км) на север, Косово (179 км) на северозапад, Бугарија (173 км) на исток, Грција (256 км) на југ и Албанија (186 км) на запад.[1] Земјата претставува транзитен коридор од Западна и Средна Европа до Егејското Море и од Југоисточна Европа до Западна Европа. Воедно, Македонија се наоѓа во северниот умерен појас, каде што има поволна клима за одгледување разни култури.
Континент | Европа |
---|---|
Регион | Балкански Полуостров |
Координати | 41°40′N 21°45′E |
Површина | 148. место |
• Вкупна | 25.436 км2 |
• Земја | &1000000000000966700000096,67 % |
• Вода | 1.9 % |
Граници | 766 км |
Највисока точка | Голем Кораб, 2.764 м |
Најниска точка | Вардар (кај Гевгелија), 44 м |
Најдолга река | Вардар, 388 км |
Најголемо езеро | Охридско Езеро 348 км2 |
Државата е дел од поширокиот регион Македонија по кој таа го носи своето име. Таа е континентална држава без излез на море, но има три природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското. Според тоа, има водена површина од 477 км2.
Територијата на Македонија е вклучена во првиот часовен појас, кој се протега од 7°30’ до 27°30’ ИГД. Во интерес на заштеда на гориво, електрична енергија, зголемување на работниот ефект и поради други економски причини во многу земји од светот, па така и во Македонија, воведено е летно сметање на времето со одлука на Влада на Република Македонија од 1982 г., и затоа секоја година стрелките на часовникот кон крајот на март, а почетокот на јуни се поместуваат за 1 час нанапред, а кон крајот на септември или почетокот на октомври тие се враќаат 1 час наназад.[2]