Географија на Таџикистан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таџикистан — најмала земја во Средна Азија. На запад се граничи со Узбекистан, на север со Узбекистан и Киргизија, на исток со Кина и на југ со Авганистан. Зафаќа површина од 142,600 km2 (55,100 ми) и има 5.995.469 жители.
Матична статија: Таџикистан.
По релјефните одлики Таџикистан спаѓа во високопланинските земји. Двата главни опсези, планините Памир и Алтај, доведуваат до многу потоци и реки што се хранат со ледници, кои се користеле за наводнување на земјоделските површини уште од античко време. Другиот голем планински венец на Средна Азија, Тјан Шан, го зафаќа северниот дел на Таџикистан. Планински терен ги раздвојуваат двата центри на население во Таџикистан, кои се наоѓаат во низините во јужниот (по долината на реката Панџ) и северниот (Ферганската Долина) дел на земјата.[1]