Голема рација на Циганите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големата рација на Циганите (шпански: [Gran Redada de Gitanos] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)), исто така позната и како општо затворање на Циганите (prisión general de gitanos), била рација организирана од шпанската монархија што довело до апсење на сите Цигани (Роми) во регионот и нивно затворање во работни логори. Рацијата била одобрена од шпанскиот крал Фернандо VI, била организирана од маркизот де ла Енсенада, и истовремено се одвивала низ цела Шпанија на 30 јули 1749 година.[1]
Со кралскиот указ на Карло II во 1695 година, шпанските Цигани биле ограничени на одредени градови.[2] Официјален указ од 1717 година ги ограничувал на само 75 градови и области, така што да не бидат концентрирани во ниту еден регион.