Гордонска брана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гордонската брана (англиски: Gordon River Dam или Gordon Dam) — двојно свиена лачна брана на реката Гордон во Тасманија, Австралија. Висока е 140 м, и со тао е највисоката брана во Тасманија и петта по висина во Австралија.[1]
Во 1963 г., Федералната влада на Австралија доделила 5 милиони австралиски долари to Tasmania's Комитетот за хидроелектрика за изградба на крајречен пат кој ќе води од Мејдена во поречното подрачје на реката Гордон во регионот Југозападна Дивина.[2] Изградбата започнала во 1964 г., а за три години,во 1967 г., Парламентот на Тасманија едногласно го одобрил проектот.
Ова е единствената брана на реката Гордон, и покрај големата поддршка од неколкумина тасмански политичари за изградба на други брани низводно.
Браната е конструирана на чело со д-р Серџо Гвидичи како главен хидроинженер - кој подоцна продолжил со изградба и на Кротинската брана на Западнобрежниот планински венец, една од последните позначајни брани изградени во овој период на ревносно хидроградителство.
Со изградбата на браната е создадено и езерото Гордон.
Страничните скалила се употребуваат за двонеделен контролен преглед на браната.