Грб на Обединетото Кралство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралски грб на Обединетото Кралство (англиски: Royal Coat of Arms of the United Kingdom) — државен грб на британскиот монарх, моментално кралот Чарлс III. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office).
Кралски грб на Обединетото Кралство | |
---|---|
Варијанти | |
Кралскиот грб на Обединетото Кралство за Шкотска | |
Грбот во употреба на Британската влада | |
Грбот во употреба на Министерството за Шкотска | |
Подробно | |
Грбоносец | Чарлс III |
Усвоен | 1837 |
Челенка | Над кралскиот шлем со златен плашт поставен со ермелин, царствена круна, над која има златен вперен стоечки лав царствено крунисан |
Штит | Маршалување: Прво и четврото, црвено, 3 златни лавови вперени во од со сини канџи и јазици поставени вертикално (Англија), второ, златно, црвен разгневен лав во црвена двојна внатрешна бордура украсена со цвета на крин на двете страни (Шкотска), трето, сино, златна харфа со сребрени жици (Ирска); четвртините за Англија и Шкотска си ги менуваат местата на шкотскиот грб. |
Држачи | Десно, златен вперен лав царствено крунисан, лево, сребрен еднорог со златни стапала, грива, и рог, и окрунат со златна круна украсена со тефтонски крстови и цвета на крина, на која е закачен ланец поставен помеѓу предните нозе и позади грбот |
Подножје | Тјудорска роза, Детелина и Магарешки трн |
Мото | француски: Dieu et mon droit |
Ордени | Штитот е опркужен со Орденот на Подвеската |
Претходни варијанти | видете подолу |
Употреба | На сите парламентарни закони; корицата на британските пасоши; разни владини институции |
Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.
Челенката е лав кој ја носи царска круна, која самата е друг приказ на таа круна.
Левиот штитодржач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот штитодржач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец,[1] како што се двата еднорози-штитодржачи на кралскиот грб на Шкотска.
На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што лошо мисли“) на приказ на подвеската зад штитот.