Европска банка за обнова и развој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европска банка за обнова и развој (англиски: European Bank for Reconstruction and Development; скратено ЕБОР или ЕБРД) — меѓународна развојна банка, која користи и употребува инвестиции како алатка за помош и поткрепа во изградбата на пазарни економии. Првично нејзината работа била насочена кон земјите од поранешниот Источен блок, но подоцна била проширена и го поддржувала развојот во демократиите во 30 земји од средна Европа и средна Азија. Покрај земји од Европа, земји-членки на ЕБОР има од вкупно пет континенти (Северна Америка, Африка, Азија и Австралија), додека најголем акционер во банката се САД, па така можеме да кажеме дека името е „грешка“. Седиштето на банката се наоѓа во Лондон, а самата банка е поседува од 64 држави и две институции на Европската унија. И покрај тоа што нејзините акционери се држави, таа најмногу инвестира во приватни претпријатија, заедно со комерцијални партнери.
Европска банка за обнова и развој | |
---|---|
Тип | меѓународна финансиска организација |
Основана | 1991 |
Седиште | Лондон |
Мисија | развојна банка |
Вработени | 1.500 |
ЕБОР не треба да меша со сличната банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), која е поседувана од земјите-членки на ЕУ и ја поддржува политиката на ЕУ.