Евтини приказни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) — американски филм од 1994 г. на режисерот Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото, заедно со Роџер Ејвери. Главните улоги во филмот ги играат: Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон, Брус Вилис, Ума Турман, Харви Кајтел, Тим Рот, Росана Аркет, Кристофер Вокен, Стив Бушеми и Квентин Тарантино.[2] Филмот бил номиниран за седум награди „Оскар“, но Тарантино и Ејвери ги освоиле наградите „Оскар“, „Златен глобус“ наградата на БАФТА за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил награден со „Златна палма“. Вкупно, филмот освоил 60 награди, а во 2013 година бил вклучен во Националниот филмски регистер на САД.[3]
„Евтини приказни Pulp Fiction“ | |
---|---|
Плакатот на македонски | |
Режисер | Квентин Тарантино |
Продуцент | Лоренс Бендер |
Сценарист | Квентин Тарантино Роџер Ејвери |
Главни улоги | Џон Траволта Семуел Л. Џексон Ума Турман Брус Вилис Харви Кител Тим Рот Аманда Пламер Марија де Медеирос Винг Рејмс Ерик Столц Розана Аркет Кристофер Вокен |
Кинематографија | Андржеј Секула |
Монтажа | Сели Менк |
Премиера | 1994 (23 мај - американска премиера)[1] |
Времетраење | 154 минути |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 8,5 милиони $ |
Бруто заработка | 107 милиони $ |
Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на XX век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната прoфитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.