Едгар Дега
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едгар Дега (Париз, 19 јули 1834 - Париз, 26 јули 1917 ) роден како Илер Жермен Едгар Дега (француски: Hilaire-Germain-Edgar Degas) — француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во XIX век. Се смета за еден од основачите на импресионизмот иако тој самиот го отфрлал тој термин, и повеќе сакал да го нарекуваат реалист.[1] Изработил низа на бакрописи, цртежи и скулптури.
Едгар Дега | |
---|---|
Автопортрет (Degas au porte-fusain), 1855 | |
Националност | Французин |
Познат(а) по | сликарство, скулптура, цртање |
Значајни дела | Семејството Белели (1858-1867) Жена со хризантеми (1865) Пејачка во Кафуле (c.1878) Кај Милинер (1882) |
Правец | импресионизам |
Дега се смета за еден од најистакнатите претставници на францускиот импресионизам, иако самиот себе никогаш не се сметал за дел на импресионистичкото движење. Преокупиран со урбани призори, со балерини, со призори на коњски трки, Дега никогаш целосно не му свртил грб на реализмот и на неговите мајстори како Енгр и Делакроа. Тој повеќето од своите дела ги создава во ателје, но и покрај тоа поголемиот дел од историчарите на уметноста се согласуваат дека неговото место е во рамките на импресионизмот.