Замалек Спортинг Клуб
From Wikipedia, the free encyclopedia
Замалек Спортинг Клуб е египетски фудбалски клуб со седиште во Гиза, Египет. Моментално се натпреварува во Премиер лигата на Египет, највисокот ниво на египетскиот фудбал.
Целосно име | Замалек Спортинг Клуб | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | Белите витези[1], Кралска екипа[2] | |||
Основан | 5 јануари 1911; пред 112 години (1911-01-05) | |||
Стадион | Интернационален стадион во Каиро, Каиро, Египет (Капацитет: 75,000) | |||
Претседател | Мортада Мансур | |||
Тренер | Ехаб Галал | |||
Лига | Премиер лига на Египет | |||
2022/23 | 3. | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
| ||||
Клубот е основан на 5 јануари 1911 година како Каср Ел Нел, и првично бил предводен од белгискиот адвокат Жорж Марзбах. Подоцна клубот уште неколкупати го променил своето име во Ел Мохталат во 1913 година, па во Клуб на Кралот Фарук во 1941 година, за конечно да го добие денешно име Замалек СК во 1952 година.
Замалек никогаш не испаднале во втората лига на Египет. Досега клубот има освоено 12 национални првенства, 25 национални купови како и 3 суперкупа. Гледано на континантално ниво, Замалек има освоено повеќе трофеи под покровителство на КАФ од било кој друг африкански клуб во дваесеттиот век. Клубот има 5 титули во Лигата на шампионите, 3 титули во Суперкупот на КАФ и 1 титула во Африканскиот Куп на победниците на куповите. Исто така, Замалек има освоено 2 титули во Афроазискиот куп.
Замалек е моментално без стадион, па својте домашни натпревари моментално ги игра на Меѓународниот стадион во Каиро. Боите на клубот се белата и црвената. Домашниот дрес се состои од бела маичка со две хоризонтални црвени ленти и бели шорцеви.