Историја на ФИФА Светско Првенство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на ФИФА Светските Првенства започнува од 1930 година. На првиот турнир учествуваат само 13 поканети земји. Денес, светските првенства се третираат како глобален феномен и вклучуваат повеќе од 200 натпреварувачки земји кои учество на турнирот бараат низ двогодишен квалификациски циклус.
Првото светско првенство е одржано во Уругвај, земјата која успева и да го освои првиот трофеј по победата над Аргентина со 4:2. Личноста која е најзаслужна за основањето на Светското првенство е французинот Жил Риме (Jules Rimet), поради што од 1950 година, титулата што му се доделува на светскиот шампион го носи неговото име - тоа е златен пехар со тежина од 1.8 килограми, направен од чисто злато. Во 1970 година, Бразил како трикратен освојувач го добива трофејот во трајна сопственост, но него го чува во своите витрини само до 1983 година кога истиот е украден. Во 1971 година претставен е новиот, уште поспектакуларен пехар, едноставно наречен ФИФА Светско првенство. Направен од 18 каратно злато, овој пехар со висина од 36 cm и тежина од 5 кг е дело на италијанскиот дизајнер Силвио Гацанини и е проценет на преку 10 милиони долари вредност. Победникот на секое светско првенство добива идентична позлатена реплика, чија изработка чини повеќе од 50.000 долари.