Историја на будизмот во Индија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Будизмот е религија која потекнува од Бихар, Индија и се основува на учењето на Гаутама Сидарта, кој е познат како Буда. Религијата е во најголем подем за време на владеењето на Мауриската Империја. Будизмот се распространил на две основни традиции; Теравада, која се раширила на исток, а сега е распространета во Југоисточна Азија, и Махајана, која прво се проширила на запад, после на север и на исток подоцна во целата Источна Азија. И двата имаат традиции, кои се распростанети низ целиот свет.