Кармен Миранда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кармен Миранда (9 февруари 1909 – 5 август 1955) била португалка – родена во Бразил, Самба пејачка, танчерка, Бродвеј глумица и филмска ѕвезда која била популарна од 30-тите до 50-тите.
Миранда започнала со пеењете во Бразил во 1929година. Каде таа била главна ѕвезда пред преселувањето во Америка. Во 1939, таа глумела на Бродвеј во нејзиниот прв филм Down Argentine Way. Миранда била запомнета по нејзината овошна капа која ја носела во нејзините Американски филмови,особено во 1943-та во The Gang’s All Here. Уште од 1945, таа била најмногу платената жена во Америка.
Миранда вкупно направила четиринаесет филмови во периодот меѓу 1940 и 1953тите.И покрај тоа што таа била популарна, нејзината популарност во периодот од Втората светска војна исчезнува. Безстрав таа продолжува да настапува освен во ноќни клубови, исто така, таа е и популарна на телевизија. Нејзините настапи направиле огромни чекори во промовирањето на бразилската музика, додека во исто време отворајќи го патот за зголемување на свеста на сите за Латинска култура.
Кармен Миранда била првата Латинско-Американска ѕвезда која била поканета да ги исцрта своите дланки и стапала во дворот на TLC Кинескиот Театар во 1941 година.
На 4 август 1955, Миранда доживеа благ срцев удар додека настапуваше во снимањето на една епизода на Jimmy Durante Show. Таа го заврши концертот, но почина следното утро откако доживеа втор срцев удар.