Каролински Остров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каролинскиот Остров (Caroline Island), познат и како Милениумски Остров или Бекиса, е корален атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови во Тихиот Океан. Од Европејците, островот за првпат бил забележан во 1606 година. Низ историјата островот бил под британска и американска управа, а по независноста на Кирибати островот е дел од оваа држава. Во XIX и XX век имало присуство и на луѓе поради ископувањето гвано (птичјо ѓубриво). Островот е дом на една од најголемите колонии кокосови краби. Интересен факт за Каролинскиот Остров е дека атолот е прва точка која премината на 1 јануари 2000 година (последна од +12 часовниот појас). Тоа е поради тоа што Кирибати ја сменила часовниот појас, а островот е најисточен во државата.
- Не е исто со Каролински Острови.