Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018
From Wikipedia, the free encyclopedia
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 било фудбалско напреварување кое се состоело од серија на турнири организирани од шестте конфедерации на ФИФА, во кое 210 репрезентации членки на ФИФА се натпреварувале за 31 место кое овозможува настап на Светското првенство 2018 кое се одржало во Русија. Последното 32-ро место на првенство било за репрезентацијата на Русија која како домаќин имала обезбеден директен пласман на првенството.[1] Првпат во историјата на квалификациите за Светското првенство сите членки на ФИФА имале право на учество. Меѓутоа, Зимбабве и Индонезија дополнително биле дисквалификувани пред самиот почеток на квалификациите.[2][3] Бутан, Јужен Судан, Гибралтар и Косово за првпат во историјата учествувале во квалификациите.
Матична статија: Светско првенство во фудбал 2018.
Квалификации за Светско првенство 2018 2018 FIFA World Cup qualification | |
---|---|
Податоци за првенството | |
Датум на одржување | 12 март 2015 – 15 ноември 2017 |
Екипи | 210 (од 6 конфедерации) |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 872 |
Постигнати голови | 2454 (2.81 по натпревар) |
Гледачи | 18.720.691 (21.469 по натпревар) |
Голгетер | Роберт Левандовски Мохамад Ал-Сахлави Ахмед Калил (Сите по 16 гола) |
← 2014 2022 → |