Клуб Олимпија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клуб Олимпија Асунсион (шпански: Club Olimpia) е парагвајски спортски клуб со седиште во Асунсион. Тој е најдобро познат по својот професионален фудбалски тим кој игра во Примера Дивизион. Олимпија исто така е најуспешен тим во земјата, и досега имаат освоено 39 национални титули.
Целосно име | Club Olimpia Asunción | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | Деканот | |||
Основан | 25 јули 1902 | |||
Стадион | Стадион Мануел Фереира Асунсион, Парагвај (Капацитет: 15,000) | |||
Претседател | Марсело Реканете | |||
Тренер | Грегорио Перес | |||
Лига | Примера Дивизион | |||
Апертура 2012 | Апертура 2012, 2-ри | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Олимпија е еден од осумте тимови во КОНМЕБОЛ кој успеал да направи Требл. На меѓународно ниво, тие исто така се единствениот парагвајски тим кој успеал да триумфира во Копа Либертадорес, правејќи го тоа трипати. Тие исто така се и единствениот тим кој стигнувал до финалето на Копа Либертадорес најмалку еднаш на секои десет години од почетокот на натпреварувањето. Олимпија го има освоено и Интерконтиненталниот куп еднаш, Рекопа Судамерикана двапати, потоа Суперкопа Судамерикана еднаш, и Копа Интерамерикана исто така еднаш. IFFHS и ФИФА ја сместиле Олимпија како еден од првите пет најдобри јужноамерикански клубови на 20 век и е еден од "Класик клубовите" во историјата на фудбалот.
Клубот бил основан во 1902 година и е најстар клуб во земјата. Тие имаат жестоко соперништво со градскиот противник, тимот на Серо Портењо, кое е попознато како Класико на парагвајскиот фудбал. Иако причината на соперништвото е непозната, се верува дека е зголемено во шеесеттите и седумдесеттите години, кога на национално и меѓународно ниво успесите на Олимпија започнале да ја засенуваат популарноста Серо Портењо. Домашен стадионот на клубот е Мануел Фереира или дури и познат како Боске де Пара Уно.