Кнежевство Бугарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кнежевство Бугарија била де факто независна вазална држава на Османлиското Царство формирана со Берлинскиот конгрес од 1878 година.
Кнежевство Бугарија | ||||||
Княжество България (бугарски) | ||||||
Вазална држава на Османлиското Царство | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Химна "Шуми Марица" Шуми Марица (бугарски) | ||||||
Бугарија во зелено. Источна Румелија, во светлозелено, се обедини со Кнежевството во 1885 година.
| ||||||
Главен град | Трновград (1878–1879) Софија (1879–1908) | |||||
Јазици | Бугарски | |||||
Вероисповед | Бугарска православна | |||||
Уредување | Кнежевство | |||||
Кнез | ||||||
- | 1879–1886 | Александар I | ||||
- | 1887–1908 | Фердинанд I | ||||
Регент | ||||||
- | 1886–1887 | Стефан Стамболов | ||||
- | 1886–1887 | Сава Муткуров | ||||
- | 1886–1887 | Петко Каравелов | ||||
Претседател на Советот на министри | ||||||
- | 1879 | Тодор Бурмов (прв) | ||||
- | 1908 | Александар Малинов (последен) | ||||
Законодавство | Народно собрание | |||||
Историја | ||||||
- | Санстефански мировен договор | 3 март 1878 | ||||
- | Берлински конгрес | 13 јули 1878 | ||||
- | Усвојување на Уставот | 28 април 1879 | ||||
- | Обединување на Бугарија | 6 септември 1885 | ||||
- | Прогласување на независност | 5 октомври 1908 | ||||
Површина | ||||||
- | 1880 | 63752 км² | ||||
- | 1908 | 95223 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1880 | 2007919 | ||||
Густина | 31.5 жит/км² | |||||
- | 1908 | 4215000 | ||||
Густина | 44.3 жит/км² | |||||
Валута | Бугарски лев | |||||
После Руско-турската војна, во која победила Русија, бил потпишан Санстефанскиот договор, кој предвидувал формирање на голема бугарска држава во чиј состав би влегол и поголемиот дел од Македонија. Сепак, Велика Британија и Австроунгарија биле против воспоставување на таква држава која ќе биде продолжена рака на Русија на Балканот. Поради тоа, големите сили во Берлин во 1878 година го потпишале договорот кој бил замена за Санстефанскиот договор (кој никогаш не стапил во сила). Со Берлинскиот конгрес се создало многу помалото Кнежевство Бугарија, а на Источна Румелија и се дала автономија во рамките на Османлиското Царство.
Во 1885 година, Кнежевството Бугарија се обединило со Источна Румелија. На обединувањето на Бугарија и прекршувањето на одлуките од Берлинскиот конгрес се спротивставила Србија, па истата година (1885) започнала Српско-бугарската војна. Во војната победила Бугарија, со што било признато нејзиното обединување. На 5 октомври 1908, тогашниот бугарски кнез Фердинанд I прогласил независност, а тој се прогласил за цар на новоформираното Царство Бугарија.