Колима (вулкан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кратки факти Колима, Највисока точка ...
Колима | |
---|---|
Вулканот Колима е лево на сликата заедно со Невадо де Колима десно | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3820-3840 м [1] |
Истакнатост | 600 м [1] |
Заведена како |
|
Координати | 19°30′46″N 103°37′02″W [1] |
Географија | |
Матичен венец | Трансмексикански Вулкански Појас |
Топокарта | на „Google Maps“ |
Геологија | |
Старост на карпата | 5 милиони години |
Вид | Стратовулкан[1] |
Вулкански лак/појас | Трансмексикански Вулкански Појас |
Последен избув | од 2014 до денес |
Искачување | |
Најлесен пат | Рута 1 [2] |
Затвори
Вулканот Колима се наоѓа на надморска височина од 3,820 м (12,533 стапки); познат како „огнен вулкан“, е дел од вулканскиот комплекс Колима (В.К.К.) кој се состои од вулканот Колима, Невадо де Колима (шпански изговор: [neˈβaðo ðe koˈlima])[3] и еродираниот Ел Кантаро (кој се води како згаснат). Тоа е најмладиот од трите вулкани и еден од најактивните во Мексико и Северна Америка. Има избувнато повеќе од 40 пати сметајќи од 1576 година до денес. Една од најголемите ерупции во историјата на Колима се случила од 20 до 24 јануари 1913 година.[4] Невадо де Колима, познат и како Сапотепетел, лежи на 5 км (3,1 милја) на север од неговиот по активен сосед, и е повисок од двата со висина од 4,271 м (14,015 стапки). Се наоѓа на 26-тото место на листата најистакнати врвови во Северна Америка.[5]
И покрај неговото име, само мал дел од површината на вулканот се наоѓа во државата Колима. Поголемиот дел се наоѓа на другата страна од границата, во соседната држава Халиско, на западниот крај на Трансмексиканскиот Вулкански Појас. Тоа е околу 485 км (301 милји) западно од Град Мексико и 125 км (78 милји) јужно од Гвадалахара, Халиско.
Од 1869-1878 година, на североисточниот дел од главниот кратер на вулканот се формирал паразитски сет на лавини куполи, познати како Ел Волканчито.[6]