Континентална кора
From Wikipedia, the free encyclopedia
Континентална кора — слој од магматски, седиментни и метаморфни картпи кој ги сочинува геолошките континенти и подрачјата на плитко морско дно близу бреговите, наречени континентални гребени. Овој слој понекогаш се нарекува сиал бидејќи изобилува со алуминиумски силикати (Al-Si) и има помала густина во споредба со океанската кора наречена сима бидејќи побогата со магнезиумски силикати (Mg-Si). Брзинските промени на сеизмичките бранови покажале дека на извесна длабочина (Конрадовиот дисконтинуитет) се јавува прилично реска разлика помеѓу пофелзичната горна и долната континентална кора, која има помафичен карактер.[1]
Кората се состои од разни слоеви, чија маса има претежно преоден состав (SiO2 теж% = 60,6[2]). Просечната густина на континенталната кора изнесува околу 2,83 г/см3,[3] помала од онаа на ултрамафичниот материјал кој го сочинува плаштот, чија густина е околу 3,3 г/см3. Конеиненталната кора е помалку густа од океанската, чија густина изнесува 2,9 г/см3. Со дебелина од 25-70 км, континенталната кора е значително подебела од океанската, чија просечна густина се движи од 7 до 10 км. Околу 40 % од површината на Земјата[4] и 70 % од зафатнината на Земјината кора отпаѓа на континенталната кора.[5]
Најголемиот дел од континенталната кора е суво копно над морското ниво. Значаен исклучок е кората на подрачјето на Зеландија, која е 6 % копнена (претежно територијата на Нов Зеланд), а дури 94 % се потопени под Тихиот Океан.[6]