Корпоративно право
From Wikipedia, the free encyclopedia
Корпоративното право (исто така е познато и како деловно право или право на претпријатија или понекогаш право на компанија) е тело на закон што ги регулира правата, односите и однесувањето на правните лица, компании, организации и бизниси. Овој термин се однесува на правната практика на правото на корпорациите, или на теоријата на корпорациите. Корпоративното право често го опишува законот што се однесува на прашања што произлегуваат директно од животниот циклус на корпорацијата.[1] Така, тоа опфаќа формирање, финансирање, управување и смрт на корпорацијата.
Иако природата на корпоративното управување како персонифицирана со сопственост на акции, пазар на капитал и корпоративна култура се разликуваат, но сепак имаат и слични правни одлики - и правни проблеми - кои што постојат во многу јурисдикции. Корпоративното право регулира како корпорациите, инвеститорите, акционерите, одборот на директори, вработените, доверителите и другите засегнати страни, како потрошувачите, заедницата и околината, комуницираат едни со други.[1] Додека пак терминот трговско право или деловно право колоквијално се користи наизменично со корпоративното право. Иако деловното право најчесто се однесува на пошироки концепти на трговско право, тоа е законот што се однесува на комерцијални и деловни цели и активности. Во некои случаи, ова може да вклучува прашања поврзани со корпоративно управување или финансиското право. Кога се користи како замена за корпоративното право, деловното право означува закон кој се однесува на деловната корпорација (или деловните претпријатија), вклучително и активности како што се собирање капитал, формирање компанија и регистрација во владата.