Локални избори во Турција (2019)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турските локални избори во 2019 година се одржале во недела на 31 март 2019 година во 81 провинци на Турција. Биле избрани вкупно 30 митрополитски и 1.351 окружни општински градоначалници, заедно со 1.251 провинциски и 20.500 општински советници, покрај бројните локални непартиски позиции, како што се маалски чувари (мухтари) и совети за стари лица.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и Партијата за националистичко движење (ПНД) учествувале на изборите во многу провинции во рамките на заедничкиот Народен сојуз. Исто така, Републиканската народна партија (РНП) и Партијата на доброто влегле во некои од трките под знамето на Национален сојуз. Демократската партија на народите (ДПН) не објавила отворено поддршка за ниту една алијанса, но не објавила ниту кандидати во некои области за да ги подобри шансите за опозициските кандидати. Стратешкото гласање и поставувањето кандидати на ДПН во спорните области како Анкара и Истанбул им овозможило на опозициските партии да добијат мнозинство во овие градови преку соработка. Тоа довело и до тоа да главниот сојузник на Ердоган, ПНД да изгуби огромно гласачко тело на изборите.
Кампањата била опишана како изразито негативна и поделена, при што опозицијата ја критикувала владата за економскиот пад на Турција, злоупотребата на јавните средства и корупцијата. Како одговор, владата обвинила дека опозициските партии дејствуваат во интерес на „странските сили и терористите“.[2] Посебна контроверзија ги опкружуваше наводите на АКП за финансиска измама против опозицискиот кандидат за градоначалник на Анкара, Мансур Јаваш, кои подоцна се покажале дека биле направени од непроверлив извор.[3] Употребата на видео снимки од терористичкиот напад во Крајстчрч од страна на лидерот на АКП и претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговите изборни митинзи дополнително наишло на меѓународна осуда и предизвикало влошување на дипломатските односи меѓу Турција и Нов Зеланд.[4] Пет лица загинале, а две лица биле повредени за време на политичкото насилство на денот на изборите, во два одвоени инциденти во Газиантеп и Малатија.[5][6] Изборите биле критикувани од набљудувачите поради прекумерната медиумска пристрасност во корист на владејачкиот Народен сојуз.
Членовите на Национелниот сојуз првично биле опфатени со прашања во врска со изборот на кандидати и внатрепартиските поделби, кои произлегуваат од нивната загуба на општите избори во јуни 2018 година. Сепак, и Републиканската народна партија и Партијата на доброто колективно успеале да ги надминат очекувањата, обезбедувајќи „шокирани“ победи во главните метрополи во Турција.[7] Тие вклучуваат освојување на контрола и врз Анкара и Истанбул, главниот град и најголемиот град на Турција, соодветно. РНП, исто така, имала контрола врз Измир, третиот по големина град во Турција, и по крајот на изборите, управувала со 5 од 6-те најголеми турски центри за население (единствен исклучок е Бурса, каде што владејачката коалиција тесно победила). Комунистичката партија ја освоила контролата врз главниот град на провинцијата, имено Тунџели, за прв пат. Во провинциите каде што АКП и Партијата за националистичко движење се натпреварувале како посебни партии, имало значителен пресврт од кандидатите на АКП кон ПНД. Сепак, лидерот на АКП и претседател Реџеп Тајип Ердоган ја потврдил победата, објавувајќи дека Народниот сојуз обезбедил над 50% од гласовите и на тој начин ја задржал поддршката од мнозинството електорат (конечните резултати всушност му дале на Народнит сојуз нешто помалку од 50%, додека Националниот сојуз освоил 38%.[8]
Изборите биле опкружени со голем број контроверзи, вклучително и необјаснето „затемнување“ на резултатите во изборната ноќ токму кога опозицијата била на прагот на победата во Истанбул. Изборите за градоначалник на Истанбул, каде кандидатот на НРП, Екрем Имамоглу, го победил кандидатот на АКП и поранешен премиер Бинали Јилдирим со нешто помалку од 14.000 гласови (0,17%), останале спорни две недели по гласањето. Овој резултат бил објавен во јавноста по завршувањето на изборниот процес, но на прегласувањето неговата разлика била зголемена на 24.000 гласови. По изборите се случиле бројни пребројувања, изборни приговори, правни спорови, наводна корупција, обвинувања за терористичка вмешаност и полициски операции, иницирани главно од АКП.[9][10] Имамоглу положил заклетва како градоначалник, иако нови избори биле одржани на 23 јуни.[11] Резултатот бил неочекувана убедлива победа за Имамоглу, кој го победил Јилдирим со над девет поени, 54,2% спрема 45%.[12][13]