Мадрид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мадрид (шпански: Madrid, шпански изговор: [maðɾið], разговорно: [maðɾi]) — главен и најголем град во Шпанија. Градот е населен со околу 3,3 милиони [1] (од декември 2009); целото население во градскиот дел (урбаниот дел и предградијата) — пресметано дека е 6.386.932 жители[2].
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Мадрид | |||
Палата на комуникациите на Плоштадот Сибелес. | |||
|
|||
Место | |||
---|---|---|---|
Местоположба во Општина Мадрид, Шпанија | |||
Координати | |||
Часовен појас | CET (GMT +1) CEЛT (GMT +2) | ||
Општи податоци | |||
Мото: Од Мадрид до Рајот De Madrid al Cielo | |||
Име - изворно |
Мадрид Madrid | ||
Основан | 8 век | ||
Поштенски број | 28001-28080 | ||
Повикувачки број | 34 (Шпанија) + 91 (Мадрид) | ||
Официјална страница | www.munimadrid.es | ||
Управа | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Општина Мадрид | ||
Покраина | Мадрид | ||
Административна распределба | 21 административни единици | ||
Населби | 127 | ||
Градоначалник | Алберто Руиз-Гаљардон (ПП) | ||
Географија | |||
Површина | 607 км² | ||
Надморска височина | 667 м | ||
ГШ | 40°23′N | ||
Географска должина | 3°43′W | ||
Население | |||
Население | 3 228 359 (2005) | ||
Густина | 5198 ж/км² | ||
Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Голем Лондон и Берлин и неговата градска област е трета најнаселена во Европската унија, по Париз и Лондон.[3][4][5][6] Градот се простира на 698 км2.[7]
Градот се наоѓа на реката Мансанарес во центарот и на земјата и општината на Мадрид (која го опфаќа градот Мадрид, со своите издвоени и проширени предградија и села); оваа општина се граничи со автономни заедници на Кастиља и Леон и Кастиља-Ла Манча. Освен главен град на Шпанија, седиште на владата и престолнина на шпанскиот монарх, Мадрид исто така е и политички центар на Шпанија.[8] Моментален градоначалник е Алберто Руиз-Гаљардон од народната партија. Тој е на функција од 2003 година, кога го напуштил Претседателството на автономната заедница на Мадрид и се кандидирал да го замени заминувањето на градоначалникот Хосе Марија Алварез дел Мансано, кој исто така е од народната партија. На последните локални избори од 2007 година, Руиз Гаљардон го зголеми мнозинството на народната партија во Градскиот совет на 34 места од вкупно 57, земајќи 55,5% од гласовите и победи во сите освен во два региони.
Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот Полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпански компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми (Telefónica, Repsol-YPF, Banco Santander). Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.
Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски населби и улици. Во неговите обележја се вклучени огромната Кралската палата на Мадрид; Театро Реал (Кралскиот театар), со негова обнова во 1850 во оперска куќа; паркот Буен Ретиро, основан во 1631; величествената зграда на Националната библиотека од 19 век (основана во 1712), содржи некои од шпанските историски архиви, археолошки музеј и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Мусео Насионал Сентро де Арте Реина Софија, музеј на современа уметност, и музејот Тисен-Борнемиса, сместен во реновираната Палата Виљаремоса.[9]