Маргарита Валоа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маргарита Валоа (француски: Marguerite de France или Marguerite de Valois, 14 мај 1553 - 27 март 1616 ) била кралица на Франција и Навара за време на доцниот 16 век. Била последна од династијата Валоа и кралска принцеза од раѓање.
Маргарита Валоа | |
---|---|
Маргарита Валоа | |
Кралица на Франција | |
На позиција | 1589–1599 |
Роден(а) | 14 мај 1553(1553-05-14) Париз |
Починал(а) | 27 март 1615(1615-03-27) (возр. 61) Париз |
Почивалиште | Базилика Сен Дени |
Сопружник | Анри IV |
Династија | Бурбони Валоа |
Татко | Анри II |
Мајка | Катерина Медичи |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Била ќерка на кралот Анри II и Катерина Медичи, како и сестра на кралевите Франсоа II, Шарл IX и Анри III и Елизабета Валоа. Бракот со Анри III од Навара, подоцна Анри IV, по вторпат ѝ ја донел титулата кралица.
Покрај останатите политички манипулации била принудена да се омажи со Анри III од Навара и долги години била држена како затвореник (во замок).
Сепак, нејзиниот живот бил далеку од пасивен. Покрај тоа што двапати била кралица, најпрво на Навара (1572 година) потоа на Франција (1589 година), била позната по нејзината убавина и вкус за облекување (била една од најмодерните жени во тоа време и имала големо влијание врз модата во кралските дворови во Европа). Се покажала и како доста надарен поет и писател и привлекла доста внимание со нејзиното сканадалозно однесување и истото предизвикувајќи го кај другите. Имала многу љубовници за време на бракот како и по поништувањето на истиот. Најпознати биле: Џосеф Бонифациј де ла Мол, Жак де Харлеј и Луј де Клермон.
За време на нејзиното осуманесетгодишно затвореништво, извршено од страна на брат ѝ Анри III, ги запишувала нејзините мемоари кои се состојат од последователни приказни поврзани со расправиите помеѓу нејзините браќа, Шарл IX и Анри III со маж ѝ Анри IV. Овој нејзин труд бил објавен посмртно во 1628 година.
Многу приказни низ вековите биле инспирирани од нејзиниот живот, почнувајќи со комедијата на Шекспир „Со сила убавина не бидува“, потоа во 1845 година новелата „Кралицата Маргот“ од Александар Дима (таткото), а во 1994 истоименот филм.