Марини во Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марините во Турција, претставуват пристаништа за меѓународни и локални јахти, опремени се со модерни и тренди услуги кои се очекуваат во индустријата за рекреативно пловење. Марините се наоѓаат во близина на Истанбул или Измир, двата најголеми пристанишни градови во земјата чии економии се најчесто фокусирани на туризмот во Егејското Море или Средоземното Море, со посебна концентрација во југозападна Анадолија.
Зголемувањето на популарноста на земјата во наутичкиот туризам е последица од нејзиното крајбрежје и минатото забележано за поморската литература, чиишто референци се дел од секојдневната култура, како што е случајот со Синото крстарење и потрагата по Златното руно. Добро е да се потсетиме дека, освен поголемите марини наведени подолу, постојат и бројни точки за застанување и снабдување кои нудат предностисвојствени за помалите претпријатија, понекогаш во семејна средина, како и истовремено ставање на географијата на турскати брегови за употреба.
Во последниве неколку години , овие инсталации нудат модерна инфраструктура и капацитети кои се сметааткако барања со зголемена софистицираност, угостувајќи цела палета на услуги. Направени се значителни инвестиции од не-турски инвеститори во некои од марините подолу и истакнати приватни турски групи ги гледаат пристаништата како значајна и атрактивна инвестиција која исто така го подобрува нивниот престиж, и на тој начин изградиле или стекнале таква марина што би ја вкличиле во целокупното портфолио.