Милан Обреновиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Милан Обреновиќ, познат како Милан Обреновиќ IV и Милан I Обреновиќ [белешка 1] (22 август 1854 - 11 февруари 1901) бил кнез (1872-1882) и прв нововековен крал на Србија (1882-1889). Кнезот Михајло Обреновиќ III умрел без законски потомок, а за негов наследник бил избран Милан кој тогаш имал 14 години и се школувал во гимназијата Луј Велики во Париз. Бидејќи бил малолетен било избрано Намесништво на чело со Јован Ристиќ. Милан израснал во Париз и имал носталгија кон Франција и нејзината престолнина. Често го напуштал Белград и се враќал во Париз каде што се одавал на раскошниот живот [1].
Милан I Обреновиќ | |||||
---|---|---|---|---|---|
кнез на Србија | |||||
Портретот | |||||
На престол | 1872 - 1889 | ||||
Претходник | Михајло Обреновиќ III | ||||
Наследник | Александар I Обреновиќ | ||||
Жена |
| ||||
| |||||
Династија | Обреновиќ | ||||
Татко | Милош Обреновиќ | ||||
Мајка | Елена Марија Катарџи |
Во текот на овој период, Намесништвото на чело со Ристиќ го демократизирало српскиот политички живот, било воведено општо право на глас за мажите и рамномерна фискална реформа. Во 1875 година било кренато востание во Босна и Херцеговина против Османлиското царство. Јован Ристиќ плашејќи се од Австроунгарска окупација на оваа област го потикнал Милан да им објави војна на Османлиите. Меѓутоа, во 1876 година српските сили биле поразени, а угледот на Милан опаднал, а во Руско-турска војна од 1877-1878 година, Србија не учествувала. Со Берлинскиот конгрес српското кнежевство било прогласено за независно, а Австроунгарија го добила правото да ги окупира Босна и Херцеговина и Новопазарскиот санџак, со што биле ослабени позициите на српската држава, а Милан се нашол во тешка позиција.
За да го поправи својот углед и да ја заврсти својата разнишана позиција, во 1882 година Милан се прогласил за крал под името Милан I Обреновиќ. Кралската титула ја засилиле неговата амбиција и одлучил сам да владее. Во 1883 година извршил државен удар со кој го укинал уставот и започнал да се пресметува со политичките партии, особоено настрадала Радикалната партија која била составена од либерали, политичкиот живот на Србија бил исполнет со крвави нереди и политички процеси кои со години траеле.
Во 1885 година дошло до обединување помеѓу Бугарското кнежевство и Источна Румелија со што територијата на младата бугарска држава удвоила. Милан побарал територијална компезација за Србија која требало да биде еднаква на проширувањето на Бугарија. Таквата претензија не била исполнета и Милан ја нападнал Бугарија со што започнала Српско-бугарската војна. Меѓутоа, српските сили биле поразени и бил потпишан Вториот букурешки договор со кој се зголемила непопуларноста на Милан во Србија.
Милан сакал да се разведе од својата сопруга Наталија Кешко, угледна Русинка од истакнато кнежевско семејство Гика. Меѓутоа српската православна црква не сакала да му дозволи развод, а Милан сам себеси се развел со што целосно го уништил својот углед во конзервативна Србија. За да избегне избувнување на граѓанска воја, во 1889 година абдицирал во полза на својот син Александар. Во замена добил 2 000 000 франки во злато и заминал за Париз.
Неговиот син и наследник Александар имал дванаесет години кога бил избран за владетел на Србија. Поради малолетноста на новиот крал, бил избран Намеснички совет на чело со неизбежниот Јован Ристиќ. Меѓутоа во 1893 госина, кога Александар имал 16 години, бил извршен државен удар во текот на кој сите намесници и министри биле апсени, а Александар се прогласил за полнолетен и го суспендирал уставот. Државниот удар бил организиран од Милан кој дошол тајно во Србија и го потикнал својот син на акција. Александар својот татко го назначил за врховен командант на српската армија.
Кога Александар решил да се ожени со Драга Машин, Милан се спротивставил на тој брак и кон крајот на 1900 година за секогаш ја напутил Србија. Милан најпрво живеел во Карлсбад, потоа во Темишвар, а последните денови од животот ги поминал во Виена. Во престолнината на Австроунгарија се разболел и по тешко боледување умрел на 11 февруари. Тој е закопан во Крушедол на Фрушка Гора покрај кнегињата Љубица.