Михајло Обреновиќ III
From Wikipedia, the free encyclopedia
Михајло Обреновиќ III [белешка 1], познат како Михајло Велики [1] (српски: Михаило Обреновић, 16 септември 1823 - 10 јуни 1868), бил кнез на Србија
Михајло Обреновиќ III | |||||
---|---|---|---|---|---|
кнез на Србија | |||||
Портретот | |||||
На престол | 1839 - 1842 · 1860 - 1868 | ||||
Претходник | Милан Обреновиќ II | ||||
Наследник | Александар Караѓорѓевиќ | ||||
Жена |
| ||||
Деца | Велимир Михаило Теодоровиќ (вонбрачен) | ||||
| |||||
Династија | Обреновиќ | ||||
Татко | Милош Обреновиќ I | ||||
Мајка | Љубица Обреновиќ |
Бил воспитан и школуван во западен дух и имал големи квалитети. Бил под влијание на српскиот просветител Вук Караџиќ. Имал две главни политички амбиции: да ги присоедини во една држава сите територии кои биле населени со Срби, според српската национална идеологија, односно Босна, Херцеговина и Црна Гора, спроведување на опсежни реформи во Србија. Михајло се стремел кон ослободување на Српското Кнежевство од османската власт.
Соработувал првенствено со Конзервативната партија, а негов премиер бил Илија Гарашанин. Спровел реформи и реорганизација на војската со помош на француски инструктори, српската војска станала дисциплинирана и била опремена со современа опрема, станал една од најсилните меѓу балканските држави. Се стремел кон формирање на балкански сојузнички систем, со цел соборување на османлиската власт. Склучил договори со три балкански држави: Црна Гора (1866), Грција (1867) и Романија (1868). Михајло од Србија направил центар на востаничката и националната активност на Балканот. Го помагал Бугарското национално движење и нејзиниот тогашен водач - Георги Раковски, а со негова дозвола во Србија била формирана Првата бугарска легија.
На 29 мај 1868 година врз Михајло бил извршен атентат и во текот на нападот кнезот со три истрели од револвер бил убиен. Немал директни наследници и бил наследен од својот внук Милан Обреновиќ.