Миштеци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Миштеците (миштечки: туун сави, шпански: Mixtecos) — староседелски народ на територијата на Средна Америка, поточно на териториите на мексиканските сојузни држави Оашака, Гереро и Пуебла. Регионот кој овој народ го населувале/ населуваат се нарекува Ла Миштека или на шпански La Mixteca. Мајчини јазици на овој народ се миштечките јазици.
Поимот Миштеци доаѓа од ацтечкиот збор миштекапан што значи „место на луѓето-облаци“. Самите Миштеци се нарекуваат себеси со повеќе имиња, меѓу кои њуу сави, њуу џау, њуу дави, сеан дави, даан дави, туун сави, наа сави и други, во зависност од локалната верзија на јазикот. Кевин Терасиано го користел помот Њуѕахуи (Ñudzahui) што во превод значи „луѓе од дождливото место“.