Музеј Роден (Париз)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Музејот Роден во Париз е музеј отворен во 1919 година и посветен на делата на францускиот вајар Огист Роден. Тој има две локации: Хотел Бирон и околните делови во централен Париз и надвор од Париз во куќата на Огист Роден, Вилата де Бријан во Медон (О-де-Сен). Колекцијата вклучува 6.600 скулптури, 8.000 цртежи, 8.000 стари фотографии, и 7.000 уметнички предмети. Музејот го посетуваат 700.000 посетители на годишно ниво[1].
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Paris" does not exist | |
Основан | 1919 |
---|---|
Место | Hôtel Biron, 79, rue de Varenne, 75007 Paris, France |
Координати | 48.855278° СГШ; 2.315833° ИГД / 48.855278; 2.315833 |
Посетеност | околу 700.000 годишно |
Јавен превоз | Варен Инвалиди |
Мреж. место | http://www.musee-rodin.fr/ |
Додека живеел во Вилата де Бријан, Роден од 1908 го користел хотелот Бирон како негова работилница, а подоцна ја донирал целата своја колекција скулптури (заедно со слики од Винсент ван Гог, Клод Моне и Пјер-Огист Реноар коишто ги поседувал)[2] на француската држава под услов зградите во коишто творел да се претворат во музеј посветен на неговите дела.
Музејот Роден ги содржи повеќето значајни дела на Огист Роден вклучително Мислителот, Бакнеж и Портата на пеколот. Многу од неговите скулптури се истакнати во музејската голема градина. Музејот вклучува соба посветена на делата на Камиј Клодел која била негова ученичка и љубовница[2].
Музејот е еден од најдостапните музеи во Париз. Тој се наоѓа во близина на метро станицата Варен, во централното подрачје и влезницата е по многу разумна цена. Градините околу музејот содржат многу од познатите скулптури во природни поставки. Зад музејот има мало езеро и ресторан.
Дополнително, на платформата на метрото станицата Варен, се истакнати некои од скулптурите на Огист Роден.[3]