Мурманска иницијатива
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мурманската иницијатива (руски: Мурманские инициати́вы) — серија на широк опсег на предлози за надворешна политика во врска со регионот на Арктикот направени во говорот на генералниот секретар на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз - Михаил Горбачов на 1 октомври 1987 година во Мурманск, Советски Сојуз, која се смета за заштитен знак на неговата надворешна политика[1].
Иницијативата ги споила економските, еколошките и безбедносните прашања на Арктикот.[2]. Целта на Горбачов била да го трансформира Арктикот од воен театар во меѓународна зона на мир меѓу арктичките сили. Иницијативата била покрената како покана за разоружување на јадрено оружје и воспоставување дијалог Исток-Запад околу Арктикот[3].
Целите на говорот во Мурманск биле паралелни со амбициите на Горбачов во претходните говори, како оној во Владивосток (јули 1986 година) што се занимавал со азиско-тихоокеанските односи и подоцнежниот говор во Белград (март 1988 година), кој се однесувал на проблемите на безбедноста во средоземниот регион[4].
Мурманската иницијатива се сметала за главна пресвртница во арктичката политика на Советскиот Сојуз (СССР) и претставувала примена на „новото политичко размислување“ на Горбачов во Северна Европа. Тоа помогнало да се води надворешната политика на новоформираната руска влада на Арктикот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.