Национален парк Бабја Гура
национален парк во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален парк Бабја Гура (полски: Babiogórski Park Narodowy) — еден од 23-те национални паркови во Полска. Сместен во Малополското Војводство и се граничи со Словачка.
Национален парк Бабја Гура | |
---|---|
Babiogórski Park Narodowy | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Планината Бабја Гура
Park logo with Apiaceae (Laserpitium archangelica) | |
Место | Lesser Poland Voivodeship, Poland |
Површина | 33,92 км2 |
Воспоставен(а) | 1954 |
Управно тело | Ministry of the Environment |
Паркот зафаќа површина од 33,92 км2, од кои огромен дел се под шума (31,98 км2). Паркот ја вклучува северната и дел од јужната страна на масивот Бабја Гура, од кој главниот врв (познат и како Дјаблак) е највисоката точка на Оравските Бескиди (1.725 м). На словачката страна на масивот се наоѓа Заштитениот предел Горна Орава.
Подрачјето на Бабја Гура првпат било ставено под правна заштита во 1933 година, кога било создаден резерватот со исто име. На 30 октомври 1954 година бил прогалсен за национален парк. Од 1976 година е ставен на списокот на УНЕСКО како биосферен резерват според програмата „Човекот и биосферата“ (MaB). Подрачјето на резерватот е проширено во 2001 година.