Никарагва
From Wikipedia, the free encyclopedia
Никарагва (шпански: Nicaragua); офиц. Република Никарагва (República de Nicaragua) — најголемата држава во Средна Америка со вкупна површина од 130.373 км2. Никарагва се граничи со Хондурас на север и со Костарика на југ. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е Манагва, каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и службен јазик во државата е шпанскиот јазик.
Кратки факти Република Никарагва República de Nicaragua, Најголем град ...
Република Никарагва República de Nicaragua
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: En Dios Confiamos "Во Господ веруваме" |
||||||
Химна: Salve a ti, Nicaragua (шпански) Слава на тебе, Никарагва |
||||||
Главен град | Манагва 12°9′N 86°16′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански | |||||
Народности | 69% мешани 17% белци 5% староседелци 9% црнци |
|||||
Демоним | Никарагванец | |||||
Уредување | претседателска република | |||||
• | Претседател | Даниел Ортега | ||||
• | Заменик претседател | Хаиме Моралес Каразо | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
• | Објавена | 15 септември 1821 | ||||
• | Призната | 25 јули 1850 | ||||
• | Револуција | 19 јули 1979 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 130,373 км2 (97-ма) | ||||
• | Вода (%) | 7.14 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2009 г. | 5.891.199 (110-та) | ||||
• | Попис 2005 | 5.148.098 | ||||
• | Густина | 42 жит/км2 (133-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $16.709 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $2.698[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $6.365 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $1.028[1] | ||||
Џиниев коеф. (2007) | 40.1 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.614[2] среден · 132ра |
|||||
Валута | Кордоба (NIO ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-6) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .ni | |||||
Повик. бр. | 505 |
Затвори