Норвешка шума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Норвешка шума (ノルウェイの森 (Noruwei no Moricode: ja is deprecated )) е роман од 1987 на јапонскиот писател Харуки Мураками.[1] Романот раскажува носталгична приказна за загубата и за будечката сексуалност.[2] Приказната е раскажана во прво лице преку ликот на Тору Ватанабе, кој се присетува на своите студентски денови во Токио.[3] Преку сеќавањата на Ватанабе, читателите го следат развојот на врски со две различни девојки—убавата, но емоционално нестабилна Наоко, и комуникативната и жива Мидори.[4]
Податотека:NorwegianWood.jpg Прво издание на англиски јазик | |
Автор | Харуки Мураками |
---|---|
Изворен наслов | 'Noruwei no Mori ノルウェイの森 |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Жанр | Билдунгсроман, романтичен романl |
Издавач | Kodansha |
Издадена | 1987 |
Медиум | мек повез |
ISBN | 0-375-70402-7 (американско издание) ISBN 0-09-944882-3 (британско издание) ISBN 4-06-203516-2 (јапонско издание) |
OCLC | 42692182 |
Дјуи | 895.6/35 21 |
Клас. КБ | PL856.U673 N6713 2000 |
Дејството на романот се одвива кон крајот на 1960-тите во Токио, во период кога јапонските студенти, како и оние на многу други држави, протестирале против воспоставениот поредок.[5] Иако служи само како подлога за дејството во романот, Мураками (низ очите на Ватанабе и Мидори) го прикажува студентското движење како претежно слабоволно и лицемерно.
Мураками го адаптирал првиот дел од романот од ран претходен расказ, со име „Светулка“. Приказната подоцна беше вклучена во колекцијата Слепа врба, Заспана жена.[6]
Норвешка шума има доживеано огромна популарност кај јапонската младина и го има претворено Мураками во супер-ѕвезда во неговата родна земја (наспроти неговото лично незадоволство со популарноста).[7][8] Во 2010 година излегува истоимената филмска адаптација, во режија на Тран Анх Хунг.