Нојс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нојс (германски: Neuss, лимбуршки: Nüss) — град во Северна Рајна-Вестфалија, Германија и седиште на округот Рајна-Нојс. Според проценката за 2010 година, во градот имало 151.254 жители. Градот има регионален код (AGS) 5162024, (DEA1D) и (DE NSS) код. Се наоѓа на левиот брег на Рајна преку патот од Диселдорф.
Кратки факти Земја, Местоположба на град Нојс во рамките на округот Рајна-Нојс ...
Нојс | |
Градско собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
Адм. подрач. | Диселдорф |
Округ | Рајна-Нојс |
Градоначалник | Рајнер Бројер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 99,48 км2 |
Население | 153.109 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 1.539 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NE, GV |
Пошт. бр. | 41460-41472 |
Повик. бр. | 02131, 02137 (Norf), 02182 |
Портал | neuss.de |
Местоположба на град Нојс во рамките на округот Рајна-Нојс | |
Затвори
Градот бил основан во римскиот период под името Новесиум (Novaesium). Заедно со Аугсбург и Трир, тој припаѓа на еден од трите најстари градови во Германија. Тој бил значаен во средниот век, пожарот од 1586 година и војните на Луј XIV целосно го уништиле стопанството во градот.